Еден од најинтересните резултати на локалните избори се случи во Тетово, каде што меѓу двата изборни круга се случи пресврт меѓу двата круга. За локалните избори, но и за актуелните политички теми за Утрински брифинг зборуваше проф. д-р Теута Арифи, поранешна градоначалничка на Тетово од редовите на ДУИ.

-Уште во Тетово се обедини опозицијата, гласовите ги насочија кон мојот противкандидат, а јас не успеав да станам по трет пат градоначалничка, вели Арифи. -Бројките се тие. Мнозинството во парламентот од самиот почеток е тенко, но има голема одговорност затоа што во декември нѐ очекува напредок на патот кон ЕУ. Сметам дека имаме добри шанси ако има стабилност да се случи тоа.

Арифи вели дека со самиот факт што при промена на власта ќе се појави нестабилност, постои можност и оние кои досега нѐ поддржувале да престанат да нѐ поддржуваат.

-ДУИ никогаш не е влезена во коалиции врз нејасни ситуации. Секое коалицирање било резултат на изборни резултати. Сега сме во коалиција и поради стратешки моменти како Престанскиот и Охридскиот договор и влегувањето во НАТО, вели Арифи.

Во врска со денешната парламентарна седница за иницијативата за интерпелација на владата. Арифи смета дека опозицијата не може да ја урне владата на Заев.

-Опозицијата сака да руши влада ама не кажува што ќе гради потоа. Оваа опозициска група нема заеднички темел и затоа стабилноста и нашите интереси како граѓани ќе бидат разнишани ако падне владата, коментира Арифи.