Утре од 09 до 18 часот, на градскиот плоштад во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички збор односно изложба на вооружување, борбени системи, опрема и моторни возила.

Во рамките на оваа активност, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај градското пристаниште, со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема, ќе изведат показна вежба-препад на пловен објект. Во вежбата ќе се вклучи и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата.

Сите активности во рамките на тактичко-техничкиот збор и показната вежба, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” (Езерска полиција). Со оваа активност, Армијата на РСМ ја одбележува 75 годишнината од формирањето на НАТО Алијансата и 4 годишнината од членството на РСМ во НАТО сојузот.