На денешното Собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС), за претседателка на ЗЕЛС е избрана градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, а за потпретседатели се избрани градоначалникот на Валандово Перо Костадиновски и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

Арсовска рече дека како ЗЕЛС ќе бараат Владата да им даде пари на општините, на кои поради енергетската криза им се зголемени сметките за струја.

„Фокусот не сите ни е ист, а тоа е да имаме интензивен процес на децентрализација. Во тој процес се надевам дека ќе успееме да постигнеме и што поскоро пренесување на надлежностите од централната на локалната власт и поголема фискална независност, за да можат општините да ги реализираат проектите кои ги ветија на граѓаните. Едно од барањата ќе биде Владата да помогне на општините во овој тежок период, односно да да даде помош за сметките за струја, со оглед на тоа дека на голем дел на Општините им се раскинатите договорите и сега се соочуваат со неизвесност дали ќе можат да ги плаќаат повисоките сметки“, рече Арсовска.