Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска рече дека конкретно, лично и директно добивала закани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно со зборовите „доколку не го направиш ова, ќе ти се случи тоа и тоа”. „Во првиот момент кога ќе станам премиер ќе те влечеме по улици, ќе го бришеме подот со тебе”. Верувам дека не жена, ниту еден човек не треба да биде ставен под таков притисок. На оној што ги искажува овие закани не треба да му се дозволи ниту еден момент да биде во функција, во која што ќе може да ги исполни овие закани, посочи вечерва Арсовска во гостувањето на Канал 5 телевизија.

Таа исто така ги демантираше шпекулациите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека остварила тајна средба со премиерот Димитар Ковачевски и порача оставка да се бара од оние лица кои во континуитет манипулираат и оти не планира таа да се повлече од функцијата.

-Успеа Мицкоски да излезе во медиумите и да каже дека нема да бара моја оставка, но дека не сме занеле што ќе ми донесе животот и граѓаните ова треба да го осудат. Доколку мислиле дека со ваков притисок ќе предизвикаат да се повлечам, тоа нема да го сторам, рече Арсовска.