Лидерката на бугарската Социјалистичка партија, Корнелија Нинова, која најверојатно ќе биде дел од новата бугарска влада, изјави дека Македонија нема да влезе во Европската Унија доколку, како што вели, ја избрише историјата на Бугарија.

-Имаме волја да формираме влада и да обезбедиме мнозинство кое уште во првите денови ќе го усвои буџетот и ќе ги придвижи сите мерки за помош на луѓето и бизнисите. Се плашам дека ќе има некои многу спорни прашања во овие преговори и јас сум пречка за нивно решавање. Тие знаат дека додека јас преговарам за влада, Северна Македонија нема да влезе во Европската Унија ако ја избрише историјата на Бугарија – рече Нинова.