Актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска повеќе не е почесен конзул на Унгарија.

Ова го потврдува и Министерството за надворешни работи во изјава за телевизија Телма.

„Во врска со Вашите прашања Ве информираме дека во ноември месец, 2021 година, Министерството за надворешни работи е известено од Амбасадата на Република Унгарија за откажување на Данела Арсовска од позицијата Почесен конзул на Унгарија во Република Северна Македонија со седиште во Штип“, посочуваат од МНР за Телма.