Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, изјави дека спорната фирма „Еко Клуб“, која стана актуелна по скандалот со опасниот отпад, добила над 60 тендери од владата предводена од СДСМ во вредност од над 130 милиони денари.
-СДСМ и Заев обидувајќи се фирмата „Еко Клуб“ и целиот скандал да го префрлат на штета на ВМРО-ДПМНЕ, испадна дека истата таа фирма земала милионски суми тендери од Владата на СДСМ. Само последната година над 60-тина договори за тендери земала фирмата од државата и институциите во вредност од над 130 милиони денари. ЈП за државни патишта, министерството за одбрана, министерството за здравство и многу други институции биле дел од институциите кои доделувале тендери – рече Арсовски.