Политичкиот аналитичар Петар Арсовски во денешното издание на дебатната емисија “Само вистина” на Канал 5 телевизија со став дека одлуката за одржување избори на 15 јули е добра одлука со оглед на фактот дека во спротивно ќе се доведевме во ситуација да живееме во вонредна состојба до крајот на истекот на мандатот на политичката влада.
“Не се согласувам дека опозицијата е во некаква голема добивка со прифаќањето на датумот за изборите. Во политичка смисла, за нив ќе беше подобро изборите да се одржеа на крајот на мандатот на оваа Влада или барем во доцна есен со оглед на фактот дека во тој меѓупериод до 15 јули не може да се се случат драматични промени во нивниот политички рејтинг, а по анкетите кои излегоа, еве денес излезе последната анкета, таму сепак во предност се СДСМ и БЕСА. Имајќи ја предвид таквата ситуација мислам дека не беше поволно за опозицијата да прифати брзи избори.
Оттаму беше и политичкиот хир на ВМРО-ДПМНЕ дали датумот за избори ќе биде 5 јули или 15 јули бидејќи тие десет дена не можат ништо да сменат ниту во здравствена смисла, односно дотогаш нема да заврши епидемијата, а се работеше за некаков компромис околу тоа дека ВМРО-ДПМНЕ рече нема да учествува на избори на 5 и на 8 јули. Во таа смисла мислам дека е одлично што партиите се договорија да одржат избори на 15 јули бидејќи единствената друга опција ќе беше продолжување на вонредната состојба до крајот на редовниот мандат бидејќи Собранието остана на својата одлука да не се реконституира. Помеѓу изборот да имаме вонредна состојба до декември и избори на 15 јули подобро е да има избори сега. Помеѓу другото, условите кои ги даде опозицијата за одложување на изборите не беа здравствени, тие беа политички. Бараа дополнително прочистување на избирачкиот спсиок, бараа присуство на ОБСЕ и ОДИХР, тоа се сè политички аргументи и политички барања, не се здравствени. Здравствените протоколи беа на сила уште првиот пат кога се разговараше за изборите. Но, на крајот сè е добро кога добро ќе се заврши” – истакна Арсовски.