Во однос на денешниот став на опозицијата дека сега не е пригоден момент да се спомнуваат избори, политичкиот аналитичар Петар Арсовски, во емисијата “Вин-вин” на Телма телевизија, со објаснување:
“Вонредната состојба, доколку не се продолжи, по автоматизам по нејзиниот истек престанува да важи. Имајќи ги предвид сегашните процеси, од тој момент продолжуваат рокови за изборите, а согласно сегашната одлука на владата изборите не се откажани, тие се замрзнати. Имајќи предвид дека опозицијата здушно учествува во техничката влада, јас тоа го сметам како нивна порака дека и тие сметаат дека изборите се замрзнати, а не укинати. И кога би биле укинати тие би требалo да се повлечат од пржинскиот формат” – објасни Арсовски.
Во однос на можниот термин за одржување на изборите, Арсовски со коментар:
“Вонредната состојба ја прогласи претседателот заради изборите, а не заради пандемијата. Така што, да претпоставиме дека на власта и одговараат избори што е можно побрзо, а на опозицијата и одговараат избори тогаш кога економската криза за која сите претпоставуваат дека следи после здравствената криза ќе удри тогаш кога е најсилно. Тоа се политички калкулации кои не се спорни. Меѓутоа, ние мора да имаме предвид дека на сите проблеми со кои се соочуваме, дополнителна правна несигурност во смисла на мандат на пратеници, мандат на влада, функционирање на законодавен дом, дали владата може да донесе уредби со законска сила, ни се проблем кој ни е непотребен. Во таа смисла, јас сметам дека изборите е добро да се одржат во првиот момент кога е тоа возможно затоа што е неопходен чист мандат на влада, која и да биде таа за да може да се справува со дополнителните проблеми кои може да се појават пост првиот пик на кризата. Да не заборавиме, можеби на таа нова влада ќе и дојде термин да одобрува преговарачка рамка за ЕУ која трае 10 години. Затоа мора да обезбедиме чист мандат на нова влада и на собраниски состав, бидејќи таа влада можеби веќе наесен ќе треба да се соочува со уште поинтензивен бран на коронавирус” – заклучи Арсовски.