Фатон Асани, директорот ја ДАУОИ денеска на прес – конференција изјави дека ВМРО-ДПМНЕ изнело невистини за продажбата на акциите на АД„Славија“.

Вели дека вредноста на компанијата е далеку помала од таа која тие на споменаа, односно 20 милиони евра. Асани кажа дека имотот во меѓувреме е распродаван на парче и зад затворени врати.  Тој се повика на соопштенија кои ВМРО-ДПМНЕ ги објавувало своевремено за „Славија“.

„Цената на акцијата денес вреди многу помалку. Би го повикал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се пријави на продажба и да ги преземе и долговите“, рече Асани.

Додаде дека „Славија“ е 70 отсто распродадена. Асани тврди дека работеле транспарентно.

„Треба да разграничиме едно е имот, а друго е продажба на акции“, изјави директорот.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ обвини за скандал и брутален грабеж.

Акционерското друштво „Славија“ кое вреди околу 20 милиони евра, ќе се продава за нешто повеќе од 218 илјади евра, тврдеа од ВМРО-ДПМНЕ.