Техничкиот Министер Наке Чулев во интервју за Телевизија Сител ја даде следнава изјава:
„Регион кадешто помалку се почитува оваа мерка е населбата Шуто Оризари“.
Доколку го анализираме Дневниот Билтен издаден од Министерство за Внатрешни Работи, во текот на последните неколку дена поради непочитување на забраната за движење во определен временски интервал поднесени се 24 кривични пријави. (Во прилог прикачени)
Од полицискиот билтен ниту една кривична пријава не е покрената спрема лица од Шуто Оризари, како најголеми прекршители се јавуваат лица од општина Штип и општина Кочани.
Се поставуваат следниве прашања:
Од каде техничкиот министер се информира за поднесените кривични пријави, ако не од билтенот кое го издава ресорот којшто тој го води?
Која е причината поради овие паушални изјави на министер во период на криза?
Која е причината поради директното ставање на тапет на граѓаните на општина Шуто Оризари иако не е поднесена ниту една кривична пријава во оваа општина?
Почитувани, функционери и медиуми, не правете спектуларности во обавување на Вашите работни задачи, затоа што може негативно да се одразат врз Вашата репутација!
Линк до билтенот на МВР https://mvr.gov.mk/izvadok-od-dnevni-nastani/1811

ФБ реакција на здружението за заштита на ромските права и интереси „Аваја“