Од 1 август, сметките за парно за домаќинствата во Скопје ќе бидат пониски за 3,16 отсто, одлучи денеска Регулаторната комисија. Намалување за 17 отсто на сметките ќе имаат околу 1.200 фирми, училиштата и институции кои се приклучени на централното градско парно.

Одлуката е позитивна за потрошувачите, но состојбата на терен е загрижувачка. Цевката на мостот ‘Беласица’ не е во функција, тоа е фактичката состојба која ја имам како информација во моментов. Една година помина, а оваа операција не е завршена. Да го преоѓавме Амазон, ќе го пројдевме. Алармираме до пред стартот на грејната сезона како се знае и умее јавниот интерес да биде испочитуван и цевката да биде функционална. Каква зима ќе имаме никој не знае, дали ќе биде блага или со минусни температури. Алтернативниот цевковод е со помал капацитет“, рече претседателот на Регулатрона комисија Марко Бислимоски.

Новите цени на парното се без субвенции, но во моментот влегуваме во стабилизација кога се во прашање цените на енергенси генерално, природниот гас се враќа во очекувана нормала, рече Бислимоски.

„Ова е одличен период за енергетските компании финансиски да се стабилизираат и консолидираат и да стартуваат со реализација на инвестициски проекти како и зафати за рехабилитација на инфраструктурата“„ рече Бислимоски.