„Авицена“ од денеска почнува со бесплатното тестирање на граѓаните за детекција на корона вирусот. Како што претходно најавија од лабораторијата, располагаат со 5.000 тестови високосензитивни Real Time-PCR тестови за корона вирус (COVID-19).

Тоа е приватната лабораторија што на секојдневните прес-конференции ја споменува министерот за здравство Венко Филипче, која од денеска се вклучува за да помогне да се детектираат побрзо заболените од опасниот вирус.

Овој тип на помош и поддршка е наменета со цел побрзо и поуспешно да се справиме со новонастанатата ситуација, да му помогнеме на нашиот здравствен систем, на сите пациенти и целокупната заедница во која припаѓаме.