На 05.10.2021 во 07.45 чaсот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(29) од Скопје и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.М.(49) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило П.П.(64) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.