На 24.11.2021 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза” со тешки телесни повреди здобиени од сообраќајна несреќа била донесена Е.С.(70) од Скопје.

При разговор со повредената извршен од полициски службеници од СВР Скопје, таа изјавила дека околу 14.00 часот на ул.„Св.Кирил и Методиј” била удрена од непознато возило, кое по несреќата го напуштило местото.

Се работи на расчистување на случајот.