– Кога говориме за државните средства или просто кажано народните пари и делот на парите кои доаѓаат од европските обврзници преку ИПАРД програмата се околу 400.000.000 евра пласирани средства во аграрниот сектор. Во рок од две години и 6-7 месеци да пласирате толкава квота на пари, ретко која банка во Македонија има пласирано толку средства- изјави Бабовски на прашањето колку пари се исплатени додека е тој директор и каде тие пари се потрошени, рече Никола Бабовски, директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Доколку го земеме аграрот како една целина, потенцира Бабовски, голем дел од корисниците на овие мерки се од ранливите категории, но имаме луѓе кои што заслужиле своите средства да си ги добијат.

-Најдовме една ситуација каде што заклучно и со денес, исплативме заостанати обврски, по сите програми, заклучно со Програма 16, од 66,9 милиони евра. Тоа се средства по основ на ненавремено исплатени субвенции од претходната влада на Груевски. Нема година, започнувајќи со 2017, иако во август започнавме, заклучно 2019 реализацијата на буџетот е преку 99 проценти. Тука морам да одговорам на обвинувањата на Трипуновски и ќе кажам дека единствено нешто на кое што никој не може да му најде забелешка е проектот зелена нафта- рече Бабовски.