Довчерашната пратеничка од редовите на ДПМНЕ се јави на ФБ по координацијата со административците од истата партија кои наместо да работат за она што се платени, шират хомофобија во работно време. На мое лично разочарување, гледам дека некој се надоврзува и го оправдува истото.
Почитувана Г-ѓо Манаскова, вие бевте претставник на Виница во законодавниот дом скоро 6 години. Вашиот придонес за градот е поразителен. Како пратеник бевте член на комисии за култура, евроинтеграции, надворешна политика, политички систем и разни комисии за меѓународна соработка. Знаеме што добивте вие од тоа, но што доби Виница?
Почитувана,
Виничките текстилни работнички од вас очекуваа да гласате за повисока минимална плата. Вие НЕ ГЛАСАВТЕ.
Виничките стечајци очекуваа да гласате за социјална пензија. Вие НЕ ГЛАСАВТЕ.
Виничките земјоделци очекуваа да гласате за поефтина нафта. Вие НЕ ГЛАСАВТЕ.
Виничките претприемачи и бизнисмени очекуваа да гласате за финансиска поддршка на инвестициите. Вие НЕ ГЛАСАВТЕ.
И културните работници очекуваа како пратеник во поранешната власт да излобирате колективен договор за повисоки плати. Но, тоа го добија во 2019 година, прв пат после 2005 година. Погодете која структура е владеачка во тие 2 периода?
Пред 2 дена Виница ја имаше честа да одбележи почеток на кампања. Силна порака до тие што можат и сакаат да ја разберат. Бевме и во градскиот парк и на градскиот пазар, а особено убаво си поминавме на Виничкото кале. Се дружевме со невладините активисти. Се обложувам дека во 6 години не сте ги ни сретнале а камоли да им помогнете и да ги охрабрите. Да им направите чест.
Убаво беше и кога гости таму ни беа Дуо Даутовски, кога се изложија плакати со теракотните икони и кога имаше театарска претстава со познати, наши, локални артисти.
Почитувана,
Виничкото кале за многу пократок период е афирмирано многу повеќе од времето кога вие можевте да донесете ваш гостин или да организирате изложби, концерти и театарски претстави.
За жал, немавте и немате време да работите на позитивните исчекори како за Виница така и за сите нас, вашите сограѓани.
Немате време затоа што бевте и сте зафатени со хомофобични испади, поделби, закани и лични омаловажувања.
Можете вие подобро. На овој начин и со ваков пристап продолжувате само во еден правец – опозиција 2020 – 2024.
ФБ статус на Никица Бачовски