Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски и државниот советник за рурален развој Трајан Димковски, денеска во рамки на Кампањата “Се грижиме за секој земјоделец ” се во посета на фармата за овци на Љубе во село Теово.
Покрај фармата Љубе заедно со своите 3 сина и сопругата одгледуваат и житни култури, а преку Програмата за рурален развој добиле финансиска поддршка и си набавиле 2 трактори со што евидентно си ја олеснуваат работата и го модернизираат производство.
Ги информираа за поддршката за сточарите која ја даваме преку новата интервентна субвенција од 400 денари по грло за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет, како и за зголемената подмерка за обележани грла овци од сите категории, од 1000 на 1200 денари за грло овца.
Ве повикуваме сите да ги искоритите максимално мерките од Националниот план за производство на храна, порачаа надлежните.