Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој беше гостин во студиото на „Слободен печат“ каде што информира за повиците од ИПАРД 3 и можноста за инвестиции во агросекторот и руралниот развој.
-Пристигнаа над 1000 апликации за 30 милиони евра на Јавниот повик за Мерка 1 и Мерка 7. Побарувањата се за 96 милиони евра за што сме многу позитивно изненадени. Агенцијата во овој период работи на евалуација на пристигнатите апликации на фазата на комплетност и соодветност, дали компанијата е соодветна, дали инвестиција е соодветна исто така и понудите. Потоа следува фазата на контрола на лице место во која ќе се утврди дека инвестицијата не е започната пред потпишување на договор со АФПЗРР, или некоја опрема, машина не е пред тоа купена. Ако тоа се нема случено, се добива позитивен исход и се склучува договор со Агенцијата – изјави Бачовски.