Денешното работно попладне посветено на успешни корисници на мерките кои се спроведуваат преку програмите кои ги имплементира АФПЗРР.
Најпрвин го посетивме Марјан Мишев од Караорман – одгледувач на житни култури и добитник на трактор од националната програма за рурален развој.
Марјан е посветен на земјоделското производство и концесионер на земјоделско земјиште кому финансиската поддршка преку субвенции, грантови за механизација и картичката за зелена нафта го охрабрила да аплицира за дополнително модернизирање на приклучната механизација преку мерка 1 од ИПАРД програмата.
Дополнително, во Штип се сретнавме со потенцијални апликанти за повикот за мерка 3 која ќе се објави за десетина дена. На средбата ги појаснивме условите, критериумите и можностите кои ги нуди самата мерка
Мерка 3 е насочена кон поддршка на правните лица кои се занимаваат со преработка на земјоделски производи и добивање на финални производи. Многу винарии, млекари, откупни центри производители на растителни масла и компании од месната и конзервната индустрија ги модернизираа своите капацитети со поддршка од ИПАРД.
Буџетот за новиот повик ќе биде над 14 милиони евра и во очекување сме на многу нови апликации и проекти за кои сме спремни правилно да ги насочиме средствата кои доаѓаат како поддршка од Европската Унија.
Фејсбук статус на Никица Бачовски – Директор на АФПЗРР