Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Тутунскиот комбинат – Прилеп одржa редовен состанок со откупувачите на тутун.
-Кога се сака, и кога се има разбирање можеме се’. Нашите заложби и борбеноста на тутунарите дадоа резултат. Зголемена цена за 35 денари која ја почитува маката на тутунарите. Како и секоја година, навремено уште пред почетокот на бербата и откупот разговараме со откупувачите и тутунарите. Уште тогаш, од првиот состанок барам и инсистирам за фер и праведна цена на тутунот. Соработката меѓу откупувачите и производители земјоделци мора да постои, порача Николовски на средбата.
– Овде во Прилеп договоривме дека и другите откупувачи ќе ја следат зголемената цена, и најдоцна до утре сите ќе направат анекси на договорите. Заедно можеме повеќе, повеќе резултати за сите земјоделци, информираше тој.
Откупот на тутунот законски ќе трае до крајот на февруари. Реколтата се проценува на 13 000 до 15000 тони.