Вчера, во 18 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје – Средно Водно се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С. Б. (60), и патничко возило „ситроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В. Ј. (34), двајцата од Скопје.

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот В. Ј., а телесни повреди добиле неговите сопатнички М. К. (34) и шестмесечно бебе, како и возачот С. Б. и неговите сопатници В. Ј. (29) и К. В. (30), сите од Скопје, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.