Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за електрична енергија од први јули, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

Според него, има одлука за субвенционирање на електричната енергија до 30 јуни оваа година, а следната влада што ќе биде предводена од СДСМ е подготвена, како што нагласи, да донесе одлуки битни за граѓаните, а тоа е субвенција.

– Ако дојде друга влада, прашајте ги нив, истакна Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на јавната дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“.