Вицепремиерите за економски прашања, Фатмир Битиќи, и за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска ќе извршат увид на градежните активности на експресниот пат Ранковце -Крива Паланка во близина на селото Т’лминци.

Патот е поделен на две делници во вкупна должина од 25 километри. Ќе биде широк 12,5 метри со по една лента за возење и по една за застанување. Финансиите се обезбедени преку кредит од Светска банка.