Трибините како денешната имаат за цел токму преку непосреден контакт со граѓаните и дебата да се обидеме да одговориме на многу прашања на граѓаните на тема економија, истакна Фатмир Битиќи – претседател на Комисија за финансии на СДСМ на трибината на СДСМ Скопје „Агенда – Економија 20 – 24“,во Скопје.
Тој посочи дека кога се зборува на тема економија треба да се размислува долгорочно и секако потребен е и осврт на сето она што досега е направено со цел креирање на подобри програми и воведување на нови мерки кои имаат големо значење во градењето на општествениот живот во државата.
За да искреираш добра програма таа мора да потекнува од граѓаните затоа што се однесува на граѓаните. Затоа програмата за следниот период ја креираме сите заедно, посочи Битиќи.