Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи вечерва на промоцијата на кандидатот за градоначалник и советничка листа за општина Демир Капија на СДСМ и Коалиција истакна дека СДСМ победува, затоа што ја има најдобрата понуда, најдобрата програма за нашите општини.

Татковината се сака со работа и со инвестиции, во изминатите години се реализирани над 7.000 проекти во општините во државата, ние не седиме и не се жалиме, работиме со засукани ракави и така ќе продолжиме. Никој не смее да ги кочи проектите на општините. Бидејќи од проектите зависи квалитетот на животот на нашиот народ, најдобрите проекти носат развој, а развојот носи подобар живот, порача Битиќи.

Во изминатите 4 години се уверивте. Ние им служиме на граѓаните, со волја, со дела, вредно и посветено работиме за развојот на секоја општина, го носиме најдоброто за државата, најдоброто за Демир Капија.

Тој нагласи дека СДСМ и Коалицијата ги имаат најдобрите кандидати, млади луѓе како Лазар Петров, кој се врати од странство за да и помогне на својата татковина.

Денес работиме и ќе продолжиме да работиме да креираме можности за нашите млади генерации да се вратат назад, ние како СДСМ ја намaливме младинската невработеност на 29 отсто од 42 отсто, колку што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Битиќи.

Ние ги враќаме парите на граѓаните, ВМРО – ДПМНЕ со народни пари ја изгради Белата палата, најскапото партиско седиште во Европа, затоа нема да дозволиме неодговорната опозиција, да ја окупира Демир Капија, да ни го одземе Најдоброто, порача Битиќи и ги повика граѓаните на 17 октовмри масовно да гласаат за бројот 12, за СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, за континуитет во развојот на општините, на државата.