Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска заедно со претседателот на СДММ, Марко Михајловски присуствуваше на младинската трибина во Куманово.

Младите се движечката сила на социјалдемократскиот сојуз. Не можеш да зборуваш за развојна економија а младите да не се вклучени, затоа мораме секојдневно да сме блиску до нив, за заедно со нив да ја креираме нивната иднина. – истакна Битиќи

На 17ти октомври Куманово има лесна задача, да го одбере најдоброто за Куманово, затоа што Оливер Илиевски е токму тоа. И токму младите се тие кои ќе ја пренесат пораката, затоа што најдобро знаат да препознаат посветеност, праведност, правичност, другарство. Младите најдобро знаат што е добар избор.

Работиме за креирање на работни места за млади кои ќе бидат високо платени, на развој на старт ап еко системот, на креирање можности за да ги остварат своите сонови дома. Тоа е потврдено и со официјални податоци, денес стапката на младинска невработеност изнесува 29 отсто, а пред четири години таа беше 42 отсто.

Внимаваме на еднаквиот, рамномерен регионален развој, затоа што секој заслужува шанса. И јас гарантирам дека СДСМ се бори за секој млад човек во нашата земја. Секој е важен и секој ќе добие шанса, порача Битиќи.