Во вечерашното издание на “Топ тема” на Телма телевизија, економскиот советник на техничката влада на Република Северна Македонија, Фатмир Битиќи, со толкување зошто е подобро изборите да се одржат сега кога е најголем ударот врз економијата, отколку подоцна кога економијата ќе започне да оди напред, а изборите секако би го попречиле тој процес на постепено заживување.
“Свесни сме дека вториот квартал е најпогодениот квартал од здравствената криза од аспект на економијата и дека вториот квартал најверојатно ќе биде оној исцрпувачкиот квартал, а веќе сите прогнози врз основа на она што го добиваме секојдневно како податок од приходната страна од однесувањето од позитивните сигнали на олабавувањето на економијата и на отворањето или враќањето во живот укажуваат дека третиот квартал ќе биде квартал на постепено заживување, a четвртиот квартал на позитивни сигнали. Изборот е дали кога ќе тргне економијата напред вие ќе удрите и ќе сакате тогаш да имате одредена пречка, а тоа се секогаш изборите или кога веќе се соочувате со ова сакате да дадете напор да им овозможите на легитимно избраните чуѓе да немаат технички пречки да се соочуваат со секојдневни проблеми без елементарните работи коишто треба да постојат во една демократија.
Ние се наоѓаме во ситуација каде имаме техничка влада, но гледаме дека имаме одвоеност и несогласување како се води државата без разлика што имаме една влада во која се вклучени сите чинители. Го немаме коректорот, а коректорот е Собранието коешто би требало да биде таму за да каже дали ова што се случува е добро. Кога имате нефункционални органи сметате дека треба да обезбедите граѓаните навистина да се свртат кон тоа што нив им е потребно.
Ако знаете дека изборите стагнираат некои процеси, прашањето е дали тоа ќе го направите за да ефектот биде најмал тогаш кога навистина е падот или ќе го направите тогаш кога економијата ќе започне да расте и вие тогаш ќе го имате ударот, односно ќе ги направите изборите за да ефектот биде уште поголем. Ние сметаме дека сега е навистина најмало влијанието особено што изборите треба да се случат во период кога ќе се вратиме со оптимизам за да креираме една нова реалност. Колку подолго ги оставаме луѓето во неизвесност толку е полошо, подобро е да има избори, власта да биде легитимна со политички избрани функционери кои ќе ја преземат одговорноста и земјата полека ќе ја буткаат напред” – истакна Битиќи.