Економските мерки беа направени за да се помогне на граѓаните, за да продолжат да добиваат плата и да не бидат избркани од работа, изјави заменикот на Претседателот на влада задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи на денешната дебата на ТВ 24.
Тој додава дека Владата ќе продолжи да работи на тоа оние кои го изгубиле работното место за време на Корона кризита, да бидат што е можно побрзо вратени на работа.
-Ќе ни биде предизвик како преку програма да ги вратиме на работа оние кои ги изгубиле работните места. Основниот принцип на планот за вработување ќе ги таргетира оние кои изгубиле работа за време на коронакризата, вели Битиќи.
Тој додава дека исто така еден од главните приоритети е исплаќање на платите на оние вработени кои работат во загрозените индустрии во државата.
-Вториот приоритет е дали работодавците ќе ги исплатат платите на вработените. Средствата ќе ги дадеме на работодавачите за да исплатат плати, тоа е нивна законска обврска, вели Битиќи.