Најмалку 80.000 работни места се спасени. Ние заради ковид заклучно со 2020 година имаме изгубени околу 17.000 работни места. Падот на БДП ќе беше минимум 50 отсто поголем од падот сега. Се согласувам со вас дека мора да се измерат ефектите. Тврдам дека ако не беа даночните олеснувања кои никој не ги мери, или одложувањето на кредитните рати секако ефектот ќе беше уште полош, но тоа уште не е мерливо. Можеби ќе имаме појасна слика од финансиските извештаи кои ќе излезат во март. Но јас ги следам и другите показатели. Во ноември 2020 година ние имаме за седум отсто пораст на просечната плата за разлика од ноември 2019 година. Кризата сепак прави одредени процеси коишто ние се обидувавме можеби на вештачки начин да ги направиме – со зголемување на минималната плата на пример. Но и покрај светска економска криза има тенденција на раст и тоа е добро, вели Фатмир Битиќи заменик на премиерот и задолжен за координација на сите економски ресори во интервју за Фактор.