Мерките што Владата ги презема за справување со штетните последици врз економијата се навремени, сеопфатни и насочени кон оние кои се најпогодени од кризата со коронавирусот. Владата веќе прераспредели повеќе од 6,5 милијарди денари од Буџетот за имплементација на економските мерки со кои се опфаќаат 250.000 вработени и над 35.000 компании, рече денеска на прес-конференција Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ.

Малите, микро и средни претпријатија покажуваат голема заинтересираност за бескаматните кредити.

Досега одобрени се бескаматни кредити за 136 компании со 1.737 вработени.

Поради големиот интерес за оваа конкретна помош, Развојната банка го зголеми буџетот и обезбеди дополнителни 8 милиони евра кои им се ставени на располагање на микро, малите и средните претпријатија.

Ова е важна мерка што ќе им помогне на копманиите погодени од кризата да го издржат првиот удар а при тоа да ги задржат своите вработени.

За да ги зачуваме работните места, но и никој да не остане без приходи додека трае кризата, Владата обезбедува 14.500 денари за сите вработени во погодените компании за месеците април и мај, а истата мерка се однесува и за заенаетчиите, спортските работници и самостојните дејности.

Покрај оваа мерка фирмите можат да изберат и помош за покривање на 50 отсто од трошоците за придонеси на секој вработен.

Државата создаде услови, фирмите да покажат одговорност и солидарност и преку користење на мерките за помош и поддршка, да ги задржат сите вработени.

Преку мерките и политиките што ги презедовме во изминатите две и пол години создадовме стабилна економија подготвена да се носи со глобалните закани.

Од -1,8% за само 2,5 години економијата порасна на +3,6% и покажавме дека платите можат да растат во сите сектори.

Но сега е време не солидарност и меѓусебно помагање. Затоа следува кратење на непродуктивните трошоци, кратеење на платите на именуваните и избрани функционери на локално и централно ниво.

Справувањето со здравствените и економските последици од оваа криза од сите нас бара  одговорност посветеност и крајна сериозност.

Како одговорна партија продолжуваме заедно со граѓаните, со стопанството да создаваме мерки и политики што значат еднаква помош за сите. За нас, секој е важен, порача Битиќи.