Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за префрлање на средствата од приватниот пензиски столб во државниот е чиста национализација, истакна претседателот на комисијата за финансии на СДСМ во гостувањето на ТВ24.

– Она што вие го предлагате, што го предлага ВМРО-ДПМНЕ е чиста национализација. Во вториот столб има 515.000 луѓе коишто се сопственици на тие средства, вие не можете да направите таков интервенционизам без да ги прашате тие граѓани, заклучи Битиќи.