Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ, во вечерашното вклучување во емисијата “Топ тема” на телевизија Телма, потврди дека пандемијата што ја зафати државата бара одредена ревизија на програмите коишто за кратко време ќе бидат претставени на јавноста, односно во момент кога ќе започне кампањата.

“Кога зборуваме за креирање на нови работни места, мора да нагласиме дека фокусот на СДСМ не е креирање на работни места во јавната администрација. Не е СДСМ таа која јавната администрација од 60 ја направи 160 илјади луѓе, туку е ВМРО во дванаесетте години на владеење. Колку и да е зголемен бројот на јавната администрација во овие 3 години, тоа било нужно за да се справиме со ситуации кога на граѓаните им се потребни услуги. Но, јас зборувам за зголемување на платите во сите сектори, особено во приватниот сектор и само еве за потсетување ние докажавме дека во период од две години можеме минималната плата да ја донесеме од 9 000 денари на 14 500 денари и тоа е за 160% зголемување на платите во реалниот сектор. Тоа е поттик и мотив повеќе за луѓето да ја зголемат својата продуктивност и ефикасност. На крајот на краиштата, знаеме дека финансискиот стимул е еден од клучните параметри за зголемување на продуктивноста и ефикасноста на работните места, да не зборуваме за просечната плата. Во однос на јавната администрација, работните места треба да бидат онолку колку што е доволно за да се испорачаат квалитетни и навремени услуги на граѓаните, па ако е потребно и да се намалат” – истакна Битиќи.