Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во вечерашното гостување во емисијата „24 анализа“ рече дека „покажал оти целиот живот се бори да покаже дека е време да не зборуваме за Албанци, Македонци, Турци, туку за луѓе кои можат или не можат да придонесат за креирање на подобри политики.

Тој појасни дека во СДСМ се разгледуваат сите опции за следниот премиер кој ќе го предводи актуелното владејачко мнозинство.

– Наследникот на Заев треба да има поширока поддршка на целото раководство на СДСМ, затоа што тој се избира на непосредни избори. Ќе се најде човек. Има луѓе во партијата, кои вистински веруваат во социјалдемократските вредности. Знаејќи го Заев, тој е човек од збор и различно е од тоа што некој сака да го прикаже и сметам дека неговата оставка е дефинитивна. Сепак, тој ќе остане до последниот момент и последниот атом од неговата енергија, доколку е потребно за нашите граѓани, додава Битиќи.