Не ме ни чуди потребата за манипулација од луѓе без срам и образ кои до пред две години ја пустошеа и разграбуваа општината, истите тие кои ја оставија Општина Штип и јавните претпријатија во минус од 9️⃣ милиони денари само за плати и 1️⃣8️⃣ милиони денари долг на училиштата, над 1️⃣0️⃣ милиони денари судски пресуди против општината, денеска прашуваат зошто ЈП Стипион набави половно возило за читење снег.
Истите тие кои беа десет години власт, а во советот седеа и молчеа додека во Штип снегот се чистеше рачно без механизација, додека во јавното претпријатие се трошеа цели 8️⃣0️⃣ илјади евра повеќе за нафта годишно отколку што ние трошиме денеска и тогаш мудро молчеа и креваа рака во советот под партиска директива.
Да немав за расчистување долгови од преку 6️⃣0️⃣0️⃣ илјади евра кои ги направи Вмро-Дпмне ќе набавевме ново возило кое чини над 1️⃣2️⃣0️⃣ илјади евра.
Еве да бидам попрецизен, ние набавивме половно функционално возило за чистење снег после 30 години, прашањето е зошто Вмро-Дпмне не набави половно, а уште помалку ново возило за цели 10 години?
Благој Бочварски, градоначалник на општина Штип