Градоначалникот на Штип Благој Бочварски со остра осуда за пропагандата која ја пласираше ТВ Алфа преку пренесување на лажна вест. Имено телевизијата денеска емитуваше вест во која е споделена фотографија од одбележувањето на Денот на Европа од пред 2 години притоа обвинувајќи го Бочварски дека, како што наведува ТВ Алфа, со дваесетина млади луѓе без маски и без дистанца го одбележува денешниот ден.

-Најостро реагирам на лажната пропаганда која е пласирана на телевизија Алфа со цел ширење лаги и манипулација на граѓаните. Запрепастува како се осмелиле да употребат фотографија за која јасно стои во описот дека е од настан кој се случи пред две години, во 2018 година, а којшто тогаш беше медиумски покриен од сите национални медиуми, настан на кој присуствуваше тогашниот Претседател на Владата Зоран Заев и високи претставници на Европската Унија, како и многу амбасадори од европските земји.
Очекувам од ТВ Алфа во сите останати изданија на нивните вести во текот на денов да се извинат за ширењето на оваа лажна вест. – порача Бочварски нагласувајќи дека е време е да се стави крај на ширењето лажни вести.