Над 2 милијарди евра во моментот инвестираме во целокупната инфраструктура во земјава и тоа го покажуваат и бројките и многуте проекти што ги реализираме на терен. Капиталните инвестиции ги реализираме во континуитет за да обезбедиме квалитетна инфраструктура и да реализираме проекти што носат директен бенефит за граѓаните и економијата, истакна министерот Благој Бочварски денеска од Струмица.

Бочварски заедно со градоначалникот Костадин Костадинов изврши увид во инфраструктурните проекти што се реализираат во општината.

При посетата на населеното место Градско Балдовци, министерот Бочварски истака дека преку Министерството за транспорт и врски се гради 10 километри комунална мрежа со вкупна инвестиција од 1,3 милион евра.

Тие извршија увид и во реконструкција на локална улица, која се реализира преку Министерството за транспорт и врски во висина од 18,7 милиони денари.

Градоначалникот Костадин Костадинов потенцира дека со капиталните инвестиции Струмица станува економски центар во државата.

„Реализацијата на проектите по барање на граѓаните е невозможна без поддршката од централната власт“, изјави Костадинов, градоначалник на општина Струмица.