“Во делот на изградба на пругата на источниот дел на Коридорот 8 сме во финална фаза пред избор на фирма изведувач која ќе започне со градба напролет. Првите две делници од оваа со инвестициона вредност од околу 200 милиони евра очекуваме да бидат завршени за 36 месеци, со што преку капиталните проекти даваме силен импакт во градежниот сектор во време на ковид криза кога капиталните инвестиции се исклучително важни за државата”, вели Министерот за Транспорт и врски, Благој Бочварски за НоваТВ.

Министерот вели дека ќе биде завршен и автопатот Кичево-Охрид.

– Нема дилема дека оваа Влада ќе го изгради автопатот Кичево – Охрид. Преземавме сериозна иницијатива, формирав стручен тим во Министерството за транспорт и врски кој работеше интензивно на отклонување на проблемите. Во овој период повеќе од 25% од трасата е препроектирана, изработивме 70 нови инфраструктурни проекти кои целосно ги одобривме, со што отворивме широк фронт за работа. Во овој момент имаме напредок околу 65% од вкупната изградба на автопатот. Веќе информирав дека е потпишан Анекс на договорот со кој рокот за изведба на автопатот го продолживме до декември 2023 година. Со добра организација и со добра работа силно веруваме дека 2023 година оваа автопатска делница конечно ќе биде завршена.