Менувањето на ценовната политика е само изговор за овие протести. Пред неколку месеци започнавме акција со комуналните инспектори околу злоупотребата на пракинг места на „дивите“ продавачи. Дел од инцијативите ни имаат стасано и од самите продавачи.
Тој див пазар мора да се расчисти. Мора да се сузбие нелегалната трговија и конкуренција. Тоа место од градот стана јавен тоалет. Ќе завршат со продажбата и картоните ги расфрлаат по влезовите. Граѓаните и жителите сами го бараат тоа расчистување.
300 нови канти за смет се поставени. Општина Центар ги поставува по уличките. За прв пат цела урбана опрема ќе биде ставена на платформа за да имаме целосна евиденција. До крајот на февруари тоа ќе биде завршено.
Покачувањето на цените, резидентните карти се направени за општа култура, односно луѓето да сфатат дека освен автомобили постојат и други средства за превоз. , изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
Утрински брифинг линковски се јави од Зелениот пазар, каде што еден од организаторите рече дека скапите карти се проблемот на пазарџиите. Вели дека прометот е паднат за 30 проценти.
Богдановиќ изјави дека од општината се спремни за разговор за да направат евентуални компромиси. Иницијативата за воведување на ред беше поттикната од самите продавачи. Според наши информации има и луѓе кои што продаваат на диво, рече Богдановиќ.