„Политичарите од условно кажано етничките Албански партии кога се во коалиција со СДСМ делуваат за мултиетничност и соживот, кога се во коалција со ВМРО-ДПМНЕ ги разгоруваат повторно меѓуетничките страсти. Повторно го гледате истото танго кое го имаше во времето на режимот 11 години. Повторно сега Мицкоски со Касами едниов ќе го штити крстот на Шара, другиов со општината ќе го рушел. И внимавајте каков парадокс. Билал Касами стана градоначалник и ма мнозинство во Советот во Тетово, благодарение на поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Секретар на општина Тетово, тоа е втор човек на Општината е истурен активист на ВМРО-ДПМНЕ. Истата таа општина каде од ВМРО-ДПМНЕ е секретар вели ќе го рушам крстот и истото тоа ВМРО-ДПМНЕ вели немој да го рушите крстот и се противи на нивниот партер,“ Гледате дека тое сега измислуваат начини повторно да ги разгорат меѓуетничките страсти. Верувам дека во 2024 граѓаните ова ќе го препознаат и нема да го дозволат“, рече потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во утринското гостување на „Слободен печат“.
Богоев смета дека од страна на опозицијата за претстојниот предизборем период ќе има „прљава“ кампања.

„Ние секогаш сме имале пристојни кампањи и на власт и кога сме биле во опозиција. Гледате дека изборните циклуси организирани во мандат на СДСМ поминуваат без проблеми и во фер и демократска атмсфера. Така очекувам да биде и кампањата водена од СДСМ и коалицијата. Но од друга страна ВМРО-ДПМНЕ, Левица , албанската опозиција очекувам да водат прљава и непријатна кампања. Го гледам тоа по случувањата во Тетово, повторно иста матрица, иста режимска. Се надевам дека грешам, но не очекувам од нивна страна чиста кампања“, рече Богоев.