Пред се верувам дека како СДСМ ќе имаме пристап на чесност, транспартентност и отчетност со ефективно завршување на задачите, а преку новиот систем на комисии партијата ќе се отвори кон јавноста, рече новиот потпретседател на СДСМ Стефан Богоев во гостувањето во вестите на Тв24.

-Совет за креирање на политики под раководство на Иван Ивановски и многу други комисии ќе рабптата за да се привлече стручен кадар кој е во партијата или надвор од неа а планираме и теренско активирање во сите градови, села и општините, додаде тој.

Според Богоев изминатиот период повеќе имаше на терен функционери од власта, а не од партијата затоа на редовно ниво е потребна вклученост меѓу членството но и граѓаните, по краток период откако членството ќе направи план за теренски активности.