Нејасно е зошто ВМРО – ДПМНЕ се противи на изведбата на парк долж Кејот на Вардар, во втората заштитна зона, а токму тие, заедно со коалициониот партнер Стевчо Јакимовски носеле ДУП – ови кои опфаќаат изградба на згради токму во втората заштитна зона, со минимум две подземни нивоа.
По нивната логика, во втората заштитна зона дозволена е изградба на згради, но не и садење на нови дрвја и изведба на парк?
Toni Jarevski/Тони Јаревски ги „воскреснува“ идеите на Јакимовски, на потегот каде што ќе се простира паркот да има маркици за згради.
Ја менуваме сликата на децениска депонија – граѓаните добиваат нов зелен појас, место за спорт и рекреација.

ФБ статус на Стефан Богоев