„Кога ќе се распишат избори, од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност, во оваа ситуација Сашо Тасевски, е формиран централен штаб кој води грижа за избониот процес од безбедносен аспект и во сите СВР имаме под-штабови кои исто така на локално ниво имаат свој штаб и ја сумираат ситуацијата каква е на терен“ објасни дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во утринската програма на Клан во врска со најавата на техничкиот министер Панче Тошковски дека во Тетово и Гостивар ќе има зголемено присуство на полиција на изборниот ден.
Тој додаде дека информациите од сите градови стигнуваат до централниот штаб и врз база на тие информации се прави проценка каде и што треба да се шреземе.
„Во Тетово и Гостивар, до мене намаат стасано никакви сознанија, бидејќи тоа е работа исклучиво на директорот, не е ниту на мене ниту на министерот, за безбедност и со полицијата раководи директорот на БЈБ. Тоа се негови ингеренции, за сето ова се координираме директорот, јас, министерот Панче Тошковски, Назим Буши, директорот ги споделува со нас информациите, но во целиот процес директорот Сашо Тасевски има златна команда“ рече Бојмацалиев.
Тој додаде дека потоа директорот на БЈБ ги носи одлуките колкаво присуство на полиција и каде ќе има, но до сега нема дадено никаква команда во таа насока.