Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов бара од новиот премиер Кирил Петков да направи отстапки за решение на спорот со официјална Софија и најави дека ќе го поддржи во одлуката.

-Ние им кажавме на нашите соседи, постојат две-три теми: малцинствата, промената во Уставот и изјаснувањето за историјата. Кога ќе ги решите, ќе продолжите напред, вели Борисов во интервју за „24 часа“.

Според него, Бугарија на никаков начин не ја запирала Македонија.

-Како да им кажеме – повелете во Европската унија, а потоа да ја наполниме Унијата со проблеми за кои не се разбираме. Затоа ги забавивме. Еве, сега сме подготвени, тие да направат отстапки, нашата Влада да направи отстапки, да поминат во Собранието и ќе ги поддржиме, рече Борисов.