Во интервју за ТВ Сител, амбасадорката на САД, Кејт Брнс укажа дека Договорот од Преспа и помогна на Северна Македонија да се придвижи напред од позиција на стагнација каде не можеше да се развива политички, економски, со истата брзина како многу од своите соседи во смисла на ЕУ интеграцијата.
Брнс потенцираше дека е „Многу е важно да не се загрозува оваа извонредна трансформација која се случува. Можевте да видите дека дури и магазинот Економист на крајот од минатата година ја издвоиСеверна Македонија како најтрансформирана земја во 2019-та година, главно поради решавањето на отворените прашања, со соседите“.
Амбасадорката апелираше да се заштити таа трансформација, да се продолжи со движење напред, и да не се загрозат сите овие достигнувања со гледање наназад… укажувајќи дека се надева дека луѓето ова ќе го сфатат многу сериозно. Брнс укажа и дека САД очекуваат да видат непречени и фер избори,
– По изборите, очекуваме непречена транзиција кон нова влада која ќе остане посветена на спроведување на реформите кои ќе ја придвижат земјата напред на својот пат кон евро-атланските интеграции“, додаде Брнс.