Санкциониран е возач кој на автопатот Велес – Неготино возел 211 километри на час на место со ограничена брзина до 120 километри на час, информираа денеска од СВР Велес.

– Денеска полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај од СВР Велес, при вршење контрола од областа на сообраќајот, на автопат ,,Пријателство”, патен правец Велес-Неготино, меѓу изречените мерки за брзина, санкциониран е возач кој управувал патничко возило со брзина од 211 км/час, на место каде брзината е ограничена на 120 км/час, појаснија од СВР Велес.