“Овој мини-извештајот, во право е премиерот Спасовски, е феноменален.”
Вака проф. Владо Бучковски во вечерашнава дебатна емисија “ВИН-ВИН” емитувана на Телма ТВ, го оценува мини-извештајот на Европската комисија за земјава.
Запрашан за коментар за изјавата на лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека единствената вистинска вистина за Македонија е само препораката и ништо друго, ја коментира на следниов начин:
“Така не можеш да им се допаднеш на неопределените. Јас ви кажувам дека мини-извештајот е феноменален и Македонија треба да почне преговори. Одлуката дали преговорите ќе започнат во март или во мај ќе ја донесат другите, а не ние овде, но извештајот оди во тој правец.
Но, имаме и еден друг проблем. Европската комисија не може да го реши проблемот што да правиме со Албанија, Албанија остана зад нас, а ние правиме чуда, а тие сега сакаат да го сменат претседателот на начин кој е проблематичен.” – заклучува Бучковски.