Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Владо Бучковски,во емисијата на „360 Степени“ синоќа рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе претендира да коалицира и со ЗНАМ и со „Вреди“ во обид да биде што поблиску до двотретинско владеачко мнозинство во Собранието по парламентарните избори затоа што само така ќе исполни голем дел од своите ветувања.

– Треба да го намали парламентот на 90 пратеници, треба да направи една изборна единица, треба уставни измени за да се формирата новите министерства што ги најави (лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски), тука се Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, рече професорот по римско право и додаде дека за сите овие реформи потребно е да се промени Уставот со двотретинско мнозинство.

Бучковски му порача на Мицкоски дека кога веќе најавува толку многу работи за уставгни измени, попатно да ги внесе и Бугарите во Уставот и така да продолжат евроинтеграциите. Додаде и дека тоа би се направило во првите шест месеци од новата власт, а ако дотогаш тоа не се случи, воопшто нема да има никакво внесување на Бугарите во Уставот до крајот на мандатот.

Бучковски дека дури и пристрасните анкети не погодиле дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со разлика од 40 пратеници на парламентарните избори.

– Победата е уште поголема ако се знае дека е извојувана од позиција на опозиција. Тоа никогаш не се случило во историјата. Дури и самата ВМРО-ДПМНЕ е изненадена од резултатот.