„На 25.11.2021, царинските службеници од ЦИ Скопје, извршиле физички преглед на стока – мобилни телефони WIKO Y62 MADA 1, каде биле пријавени 200 парчиња за царинење.

Но, на деталниот преглед се утврдени 800 парчиња мобилни телефони од наведениот тип или 600 парчиња повеќе од пријавеното.

Непријавената стока, за која вкупно избегнати давачки изнесуваат 335.320,00 денари, е привремено задржана, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка“, стои во соопштението на Цринската управа.