Мила Царовска, вице-премиерката за економски прашања во техничката Влада, во денешното гостување во “Отворено студио” на 24 телевизија со став дека до овој момент менаџментот на здравствената криза е добар и имаме соодветно справување со кризата.
“Јас тврдам дека ние како Влада покажавме успешно справување со ковид-19 од почетокот, па до денес. Тоа што одредени бројки се повисоки во овој период, вчера имаше јасна прес-конференција на која здравствената комисија и министерот за здравство образложија зошто е тоа така и ние на најтранспарентен можен начин ги водиме процесите. Видовме одредени семејни кластери и си рековме ајде да ги истестираме и таму каде што немаат симптоми во рамките на тие кластери. И со тоа се создаде поголема бројка на позитивни асимптоматски случаи. Но, справувањето апсолутно е соодветно затоа што ако имаме нарушување на здравствениот капацитет и надминување на потенцијалот којшто здравството го има во моментот за справување тогаш би кажале дека одиме кон граница за негативно справување со ковид-19. Но, во моментот апсолутно целиот систем е во соодветен капацитет и се справуваме најсоодветно и најтранспарентно што може. Важно е дека секој еден детал е изложен на јавно дискутирање и на јавно критикување, а тоа укажува дека навистина многу квалитетно се справуваме со оваа криза” – истакна Царовска.
Царовска воедно ја објави и веста дека денеска добила втор негативен тест за короавирус и од утре се враќа на редовните работни обврски.